недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Не е нормално така да изгледа на 49 години“: Пенелопе Круз била главна атракција појавувајќи се во Париз во краток фустан

„Не е нормално така да изгледа на 49 години“: Пенелопе Круз била главна атракција појавувајќи се во Париз во краток фустан

Пенелопе Круз повторно е главна тема на социјалните мрежи. Шпанската актерка за кратко време ќе полни 49 години, а најверните фанови често истакнуваат дека годините не ѝ можат ништо.

Таа овојпат се појавила во Париз во елегантно издание. Избрала да носи сако-фустан со интересни детали, ремен околу струкот и пердуви на колковите.

Пенелопе со насмевка позирала пред фотографите, а славата повторно ѝ ја украле совршените нозе. Така на социјалните мрежи можат да се прочитаат коментари дека „не е нормално како изгледа“, но малкумина знаат дека актерката пред 23 години стана вегетаријанка.

Таа се грижи за својот изглед, па на нејзиното секојдневно мени се наоѓаат овошје, зеленчук, јаткасти плодови, житарици, а сол избегнува. Таа се занимавала со балет и често истакнувала дека танцот ѝ ја овозможил витката фигура.

Пенелопе не преферира јака шминка. Се труди минимално да користи производи кои ќе ѝ ги истакнат очите, па така било и овојпат. Фризурата ѝ била брановидна, а минувачите не ги тргале погледите од неа.

Да ве потсетиме, Пенелопе на доделувањето на наградите „Goya Awards“ се појавила со сестрата Моника која има целосно поразличен стил од неа.

Најнови вести