Има многу парови кои по раскинувањето со партнерот сакаат да имаат само уште пет минути за да му кажат се она што во тој момент го заборавиле.
Сепак таа привилегија ја имаат само пејачите кои преку песна им го кажуваат сето тоа што не успеале на своите партнери.
Меѓу нив се следниве славни пејачи:
Шакира
Поп песната „Out of your League“, (надвор од твојата лига) го сруши интернетот, па така до сега песната ја имаат слушнато повеќе од 133 милиони луѓе са само неколку дена.
Мајли Сајрус
Само еден ден по објавувањето на песната на Шакира своја песна со посвета објави и пејачката Мајли која му ја посвети на поранешниот сопруг Лијам Хемсворт кој во 2019 година од никаде поднел барање за развод.
Песната пејачката ја објавила симболично на неговиот роденден.
Во дел од стиховите таа пее дека „изградиле дом и гледаат како гори“, алудирајќи сигурно на куќата од 2,5 милиони долари во која живееја заедно и изгорела во 2018 година.
Тејлор Свифт
Иако никогаш не е потврдено светот е сигурен дека песната „All too well“ пејачката му ја посветила на актерот Џеки Џиленхол. Песната трае 10 минути и настанала во време кога таа била тажна и вознемирена од нејзиниот живот.
Џастин Тимберлејк
Песната „Cry me a river“ е објавена во 2002 година, а е посветена на неговата голема љубов, поп принцезата Бритни Спирс.
-Бев скршен и изневерен. Чувствував како носев во себе голема болка и морав да ја пренесам преку песна, напишал пејачот во својата книга.
Селена Гомез
Пејачката песната „Lose you to love me“ му ја посветила на Џастин Бибер со кој беше во турбулентна врска од 2011 година до 2017.
Во стиховите од песната Селена пее: „Ми вети цел свет и паднав на тоа, те ставив на прво место и го обожуваше тоа“, а особено стихот „за два месеци не замени како да тоа беше лесно“ предизвика лавина коментари со оглед на тоа дека тој само по два месеци од нивното раскинување започнал врска со новата девојка.