Мика и Гиба Васиќ, близнаците од Прокупље, некогашни учесници во „Големиот брат“ и „Задруга“, го промениле полот и сега се Ана и Ивана Николиќ, за што сведочат и фотографиите кои се појавиле на социјалните мрежи.
Ријалити учесниците хонорарот што го заработиле во овие изминати години го искористиле за операција за промена на полот и тоа се случило на почетокот на летото во 2022 година.
„Операцијата ја направија летото минатата година во Белград. Се помина во најдобар ред. Мајката Рада во исто време плачека од среќа и тага“ – рекол извор близок на близнаците.
Тие и порано пред камерите зборувале дека би сакале да го променат полот, а често и облекувале женска гардероба.
„Жена не можеш да станеш преку ноќ. Првите чекори ќе ги превземеме после шоуто“ – изјавиле Мика и Гиба тогаш.