Иако многумина мислеа дека поради смртниот случај во семејството нема да има свадба, пејачката Гоца Божиновска ги откри плановите во врска со нејзиниот син и идна снаа.
-Мојот син никако да се ожени. Планираше претходно да прави свадба, но поради короната не можеше, а сега почина и мојата мајка, а негова баба. Ќе биде време за прослава, сега не ни е до тоа… не можам да размислувам за свадба додека сум во црно, само што ја закопав мајка ми. Сите бевме многу поврзани со неа. Се чувствувам како пола од мене да ми починало, не можам да дојдам на себе, вели пејачката.
Таа додава дека сепак нема да дозволат Бојана да стане мајка пред да стане снаа во нивниот дом.
-Сигурно нема да се породи без да го земе презимето на син ми, на Бојана терминот за породување и е во август, а пред тоа ќе се венчаат само во присуство на кумовите, додаде пејачката.