Атрактивната италијанска водителка Дилета Леота во едно свое интервју за тамошните медиуми раскажа за пеколот низ кој неодамна помина.
Италијанската убавица беше гостинка во епизодата посветена на борбата против насилството над жените и тоа не само физичкото, туку и психичкото кое настанува најчесто по пат на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Водителката инаку е идеален пример за тоа бидејќи пред неколку години помина низ пекол во животот кога во јавноста протекоа нејзините приватни голи фотографии од хакираниот мобилен телефон.
-Добро се сеќавам на тој момент. Пријател ми рече дека излегле фотографии од мене, а јас му реков, да сигурно не се мои, тоа не сум јас, размислувајќи дека тоа е фотомонтажа. Ми ја прати првата фотографија и веднаш ја осетив празнината од внатре, престанав да дишам во наредните 10 минути, едноставно не можев да дишам. Беше тоа трагичен момент за мене, раскажа Дилета.
View this post on Instagram
Таа додава дека тогаш мислела дека нејзиниот живот е готов, дека никогаш нема да излезе од дома и дека луѓето нема да можат да престанат да гледаат во неа и да зборуваат за таа тема.
View this post on Instagram
Инаку тоа се случи во 2017 година кога Дилета била новинарка во Серија Б, а потоа за неа започна неверојатниот успех и скок на кариерата во новинарството.
Денес поради тие „фотографии“ таа е заштитно лице на Серија А.
View this post on Instagram