Пејачот Халид Бешлиќ неодамна заврши во болница каде поради здравствени проблеми беше опериран на срцето, а сега за се проговори во првата исповед по интервенцијата.
Како што изјавил Калид, му ставиле два стента и сега се чувствува одлично.
– Ми ставија два стента. Добро е, фала богу, супер е. Се ќе биде во ред. Се чувствувам одлично, да тропнам во дрво. Единствено е што сега морам редовно да ги пијам тие апчиња, тоа е дисциплината до која треба да се придржувам – изјави Бешлиќ, а потоа додаде:
– Знаев дека сум во добри раце. И второ, не ни знаев што не е во ред со мене. Не можев да одам, не можев да се движам. Му се јавив на доктор Кацила да му се пожалам, а тој ме испрати директно од дома во болница. Додека застанав да видам што е тоа, се најдов на масата. Беше стресно, изјави Калид.
Интервенцијата ја започнале утрото откако бил примен во болница, а пејачот вели дека во текот на процесот бил буден и следел се на екранот што му прават. Сепак, тој призна дека боли.
Халид многу брзо се опорави и веќе се врати на работа.
– После тоа свирев концерт. Не сум баш како нов, но блиску сум. Се „реновирав“, низ смеа заврши Халид Бешлиќ.