Силвија Џогани зборуваше за својата нова песна, како и за промоцијата што ја одржа неодамна.
На настанот се појавија многу јавни личности кои и дадоа поддршка, но беше забележано дека недостасува една личност, многу важна за неа. Нејзиниот татко Џоле Џогани не се појавил.
-Музичкото видео на татко ми му го пуштив неколку дена пред промоцијата. Тој е човек кој е малку постаромоден и малку поинаку ја изгради кариерата. Некои сцени од спотот му беа премногу, па поради таа причина не дојде. Можете сами да го погледнете видеото и да процените, открила Силвија.
Водителот потоа додаде дека Џоле можел да дојде да ја поддржи без да го погледне видеото, на што Силвија само искоментира:
– Можеше… Разбирам дека ниту еден татко не сака да ја гледа својата ќерка така. Според мене, ова видео е уметност со порака. Така што според мене ова не е ништо страшно, но не му се лутам, изјави таа.