вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Не почина ненадејно“: Внуката на Оливија Њутн Џон ја откри причината за смртта на славната актерка – еве низ што поминала последните денови

„Не почина ненадејно“: Внуката на Оливија Њутн Џон ја откри причината за смртта на славната актерка – еве низ што поминала последните денови

Според внуката на покојната Оливија Њутн Џон, Тоти Голдсмит, познатата актерка воопшто не умрела ненадејно.

Набргу по ширењето на тажната вест, таа зборуваше на оваа тема за „Australia’s 9 Now News“ и истакна дека ракот на дојката е секако „проблем број еден“, но дека Сенди од „Брилијант“ се борела со многу повеќе.

-Не и го одзеде животот само ракот. Имаше компликации. Имунитетот ѝ беше целосно слаб, лежеше во болница, имаше инфекции. Во последните пет- шест дена се тргна надолу, со тешко срце изјави Тоти.

Актерката пред смртта била и на канабиноиди, но не можела да се ослободи од болката.

-Тоа беше корисно, но дојде момент кога дозата не беше доволна. Навистина се трудеше,  објаснила внуката, а потоа продолжила да зборува за моментот кога ја известиле дека починала:

„Тоа не беше шок за нас. Низ што минуваше во тие денови… Некако, знаевме дека е крајот. Не можев навреме да одам во Америка за да ја видам, па го замолив Џон (нејзиниот сопруг) да ја слушне барем по телефон. Сепак, тој се одлучи за „Фејстајм“, па на некој начин ја видов последен пат, еден ден. Сè што сакав да и кажам, и кажав. Знаев дека ќе не остави… Но, исто така чувствував дека и самата била свесна“.

-Ја прашав дали се плаши од смртта, а таа ми одговори: „Не, не се плашам. Во мојот живот направив толку многу и постигнав повеќе отколку што можев да сонувам“ – со тага во гласот откри таа на крајот.

Најнови вести