петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не поминува болката по трагедиите: Ѓорѓе Давид проговори за смртта на неговите татко и мајка, а кога умрела и сестра му сфатил нешто важно

Не поминува болката по трагедиите: Ѓорѓе Давид проговори за смртта на неговите татко и мајка, а кога умрела и сестра му сфатил нешто важно

Смртта во семејството на Ѓорѓе Давид, кој губел еден по еден член, засекогаш го промени животот на славниот рокер. Тажните денови постојано некако доаѓале со важните настани за неговата кариера.

Првиот пат тоа се случило кога татко му починал пред негови очи,  а тој бил на само 14-годишна возраст. Како што вели пејачот, никогаш не се опоравил од оваа трагедија.

– Татко ми беше член на комунистичкиот сојуз и додека сите бараа да добијат пари и викендички, тоа не го интересираше. Бил таен советник во кабинетот на Тито,рекол пејачот, а потоа се сетил на еден ужасен настан во кој бил учесник.

-Тоа беше политичка местенка, оркестрирана. Јас и тој бевме во колата, мене не ми падна влакно од главата, а тој остана мртов на лице место. Но, тој беше и останува авторитет во мојата глава. После тоа ужасно се променив, бидејќи мојот херој беше поразен. Немав ни 15 години и ова се работите што му ја кршат главата на еден млад човек, изјави еднаш за медиумите, а сега откри дека само еден ден по смртта на татко му имал важен училишен настап.

Слично беше кога почина мајка му:

-Јас имав концерти закажано за следните три дена кога ми дојде веста дека мајка ми починала од рак, вели Ѓорѓе и открива дека истата ситуација го чекала и во 2018 година, кога починала неговата сестра:

– Истото ми се случува и со сестра ми, која умира на денот на мојата премиера. Од секој удар во животот сфатив едно: се родивме сами и умиравме сами, вели Ѓорѓе Давид.

Најнови вести