сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не постојат фотографии од кралицата Елизабета Втора кога била бремена, еве зошто

Не постојат фотографии од кралицата Елизабета Втора кога била бремена, еве зошто

Кралицата Елизабета Втора родила четири деца, сегашниот крал Чарлс Трети, принцовите Едвард и Ендру и принцезата Ана.

Британската кралица почина на 96 годишна возраст на 8 септември, а од тогаш многу занимливости се појавуваат во јавноста за нејзиниот живот. За нејзините бремености, пак, малку се знае.

Многумина се прашуваа зошто не постои ниту една фотографија од кралицата додека била бремена. Всушност постои само една на која малку се забележува трудничкиот стомак, а е од периодот додека била бремена со Ендру. Фотографијата настанала во 1960 година на станицата Ливерпул Стрит додека го чекала принцот Чарлс.

Во еден магазин е објаснето дка кралицата никако не смеела да објави дека е бремена, а за време на тие месеци палатата ја информирала јавноста дека таа привремено се повлекува од јавноста.

-Нејзиното кралско височество Елизабета нема да има јавни ангажмани до крајот на јуни, гласело соопштението кога кралицата била бремена со Чарлс.

На овој начин обезбедувала мир и пријатна атмосфера во бременоста, а дополнително јавното објавување на зборот „бремена“ го сметала за вулгарно.

Принцезата Дајана е првата која се породила во болница и еден ден по раѓањето на принцот Вилијам се појави со него во јавноста. Овој пример го следеше и Кејт Мидлтон.

Најнови вести