Популарната пејачка Гога Секулиќ е позната по гласот и добрите песни, но и по фигурата каде што се истакнуваат нејзините гради. Гога никогаш не криела дека одамна ставила силикони, но сега е време за промени.
Секулиќ реши да го тргне силиконот од градите откако сфати дека има поголеми гради од старлетата Сораја Вучелиќ.
-Еднаш ја запознав Сораја кај нашиот лекар, па ни го измери обемот на градите. Ми кажа дека имам поголеми гради од неа. Нема врска, јас сум висока и мислам дека моите гради не се ниту преголеми ниту премали за мојата висина и тежина. Сепак, решив да ги извадам имплантите! Морам да го направам тоа бидејќи многу ме боли грбот… Ќе се оперирам во Белград. Ќе дојде доктор од Грција да ме оперира. Оваа операција не е едноставна и закрепнувањето трае долго време. Лекарите велат дека најдобро е тоа да се прави во зима, изјави Гога.
Признала дека вбризгувала и ботокс и дека смета дека секој треба да си ги корегира работи што не му одговараат.