Основачот на Амазон, Џеф Безос, заедно со неговата девојка, новинарката Лорен Санчез, овие денови ужива на одмор на јахта во Сент Бартс.
Тие двајца биле „уловени“ од страна на папараците во друштво на своите пријатели, а секој можен момент го користеле да разменат и по некоја нежност.
А како што може да се забележи по фотографиите, повеќемесечното тренирање во теретана одлично се одразило на Безос, кој гордо ја покажувал својата фигура, а ништо помалку атрактивна не е ниту Санчез која ги истакнала облините во црно бикини.
Вториот најбогат човек на светот во последно време практикува здрав начин на живот преку балансирана исхрана и оптимална физичка активност.
Во една прилика, Безос за странските медиуми изјавил дека често ги избегнува утринските состаноци за да има време за квалитетен појадок.
„Тој прв оброк, односно појадок, подразбира лесна храна која не вклучува премногу калорични и полномасни намирници“, вели милијардерот.
Исто така е познато дека Безос претпочита тајландска кујна, но не премногу зачинета.
„Тоа се јадења кои малку полесно се готват, со не премногу лути зачини, но со многу ароматични билки“, вели тој.