четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕ СЕ САМО ПРИЈАТЕЛИ: Џенифер Анистон има ново момче и сите одлично го знаеме

НЕ СЕ САМО ПРИЈАТЕЛИ: Џенифер Анистон има ново момче и сите одлично го знаеме

Џенифер Анистон и Дејвид Швимер познат како Рос од „Пријатели“, наводно се поблиску од кога било, пишуваат американските медиуми.

Соред нив, тие често се заедно кај неа дома каде таа му готви вечери, а се шпекулира дека романсата конечно се разгоре по долги години.

52- годишната Џенифер и Дејвид (54) се колеги и добри пријатели уште од снимањето на серијата „Пријатели“, серија што се прикажуваше десет години. Иако Џен и Дејвид никогаш не биле во врска, на сите присутни на снимањето им било јасно дека има силна привлечност меѓу нив.

-Во еден момент и двајцата чувствувавме нешто, но едниот од нас секогаш беше во врска, така што никогаш не ја преминавме таа граница. Го почитувавме тоа, изјави Дејвид неодамна како одговор на коментарите дека постоела хемија меѓу нив.

По снимањето на специјалната рејунион-епизода, почнаа гласините дека омилените актери конечно се во врска и во реалниот живот.

По емитувањето на епизодата, стана јасно дека сеќавањето на минатото кај двајцата предизвикало чувства и дека хемијата што треба да ја потиснат се уште е присутна. Почнаа да се допишуваат меѓусебно веднаш по снимањето, а минатиот месец Дејвид полета од својот дом во Њујорк за да ја види Џен во Лос Анџелес, пренесува „Индепендент“.

Најнови вести