сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕ УСПЕАЈА ДА ЈА СОКРИЈАТ СТРАСТА: Емили Ратајковски и поранешниот на Кардашијан „фатени“ како се бакнуваат (ФОТО)

НЕ УСПЕАЈА ДА ЈА СОКРИЈАТ СТРАСТА: Емили Ратајковски и поранешниот на Кардашијан „фатени“ како се бакнуваат (ФОТО)
фото: profimedia

Веќе некое време се шпекулира дека манекенката Емили Ратајковски е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, поранешното момче на Ким Кардашијан. Извор близок до Емили и Пит рече дека парот е во „многу рана фаза на нивната врска“ и дека се гледаат неколку месеци.

Конечно снимени заедно
– Тие се сакаат. Пит ја смее Емили и особено му се допаѓа колку е интелигентна, открил изворот. Иако се кријат од очите на јавноста, сега за прв пат се фотографирани заедно.

Папараците ги снимиле кога Пит дошол да ја земе Емили во нејзиниот стан во Њујорк. Откако ги забележале папараците, Дејвидсон излетал со својот автомобил, а Емили повикала такси.

Да потсетиме, оваа година Емили се разведе од Себастијан Бер-МекКлард, со кој по четири години брак го има едногодишниот син Силвестер.

Најнови вести