Иако важеше за жестоко момче, Жељко Ражнатовиќ Аркан имаше и своја романтична страна. Пред да се ожени со Цеца, срцето на Жељко ѝ припаѓаше на атрактивната актерка Љиљана Мијатовиќ, која му ја роди ќерката Анѓела.
За големината на нивната љубов говори и тоа што актерката, која јавноста ја памети по улогата во филмот „Ѕверови“, го чекала Аркан додека ја издржувал казната во затворот во Холандија.
Меѓутоа, нивната приказна немала среќен крај, а по пропаѓањето на љубовта, Љиљана се преселила во Грција, каде што подоцна се омажила и родила два сина – Георги и Гаврило.
Ќерката на Аркан и Љиљана во интервју за каналот „Вистински приказни“ на „Јутјуб“ зборуваше за своето растење и за врската со својата мајка:
„Живеевме скромно, во стан под кирија. Мојот очув вложи сè во моето образование: одев во добри училишта, учев јазици, пеев во хорот. Сепак, бевме средна класа, јас за друго не знам.
Мајка ми сè уште живее во Грција, има нивно државјанство. Повеќе е таму отколку овде, па затоа не се гледаме многу често. Каков е мојот однос со мајка ми? Ја имам само неа, немам татко. Кога ќе се видиме, ние сме супер. Таа е побожна жена, заедно одиме на литургија. Секогаш се моли за мене и за моите два брата“, вели таа.
Иако ретко се експонира во јавноста, Љиљана еднаш откри дека најизразената особина на Аркан била ненормалната храброст, но и огромната љубомора.
Еднаш ми рече: „Знаеш, Љиљо, многу си впечатлива со таа долга руса коса. Гледаш дека сите гледаат во тебе. Подобро да се потстрижеш“. Мислев дека се шегува, но не беше така. Се јави на фризер и му кажа: „Ајде, скрати ѝ ја косата на оваа моја убава жена за да не биде толку упадлива.“
Беше немилосрден. Навистина ми ја скрати косата. Плачев и му реков: „Ова е крај, веќе нема да зборувам со тебе. Одлучи да се солидаризира, па ја скрати својата косата, која во тоа време му беше долга до рамениците.