вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Неговата сестра е неподвижна и не зборува: Дадо Полумента ја сподели тажната приказна на семејството

Неговата сестра е неподвижна и не зборува: Дадо Полумента ја сподели тажната приказна на семејството

Пејачот Дадо Полумента неодамна за прв пат проговори за своето семејство и несреќата што ја снашла неговата сестра, која освен што е во инвалидска количка, не може ни да зборува.

Дадо откри дека од неа научил многу во животот.

-Дијана е мојата сестра која се роди како и секое друго бебе, како нормално дете. Таа е во инвалидска количка во последните 30 години. Никогаш немав можност да зборувам за тоа. Можам само да кажам дека научив многу од неа. За животот, за луѓето… Фасцинантно е кога знаеш дека не можеш да му помогнеш на некого, кога знаеш дека така ќе живее. Буквално, голем благослов од Бога за да знаеме да го цениме секој чекор, секоја голтка вода што човек може да ја испие сам, низ солзи изјави Дадо во емисијата на ТВ Блиц.

Тој откри и како неговата сестра станала неподвижна.

– На три месеци имала внатрешна температура од 42 кога лекарите и дале погрешна инјекција и и го парализирале шеесет отсто од мозокот. Од тој момент, функциите и мускулите почнаа да откажуваат со текот на годините. Таа е во инвалидска количка во последните триесет години. Нема зборови со кои може да се опишат болката и страдањето, не моите туку на моите родители и низ што таа поминала. Многу е тешко навистина да се зборува за овие работи и никогаш не сум имал прилика да зборувам за тоа, рече Дадо низ солзи.

Инаку, тој објави фотографии со двете сестри.

-Благодарен сум му на милиот Бог за таквото искушение за целото семејство. Најмногу научивме од неа, која не зборува, која не слуша, која не оди. Ова се посебни моменти за мене и за моите најблиски, кога можеме да ја направиме најсреќна со вакви ситници. Моите две сестри Дијана и Далида, напиша тој во описот на објавата.

 

Најнови вести