петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА ПОМИНУВА НИЗ ПЕКОЛНА БОЛЕСТ – зад насмевката на оваа водителка на Евровизија се крие тажна животна судбина (ФОТО)

НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА ПОМИНУВА НИЗ ПЕКОЛНА БОЛЕСТ – зад насмевката на оваа водителка на Евровизија се крие тажна животна судбина (ФОТО)

Гледачите на првата полуфинална вечер на Евровизија, останаа воодушевени од едната од трите водителки – Хана Вадингам.

Популарната актерка која ја толкуваше улогата на водителка на шоуто ги освои гледачите со својот изглед и вокални способности.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Хана Вадингам не се експонира премногу и ретко зборува за деталите од своето секојдневие. Познато е дека била во врска со италијанскиот бизнисмен Џанлука Кунети, со кој ја има осумгодишната ќерка Кити.

Актерката повеќе зборува за малото девојче, а не за други работи во нејзиниот живот, а во една прилика открила со каков голем предизвик се соочува нејзиното семејство: на Кити ѝ била дијагностицирана автоимуната болест Хенох -Шенлајнова пурпура. Станува збор за васкулитис кој ги зафаќа крвните садови на кожата, цревата и бубрезите, при што се јавува осип, артритис, болки во стомакот и проблеми со бубрезите.

Водителката дознала за болеста на својата ќерка кога девојчето имало само три години, откако наеднаш ѝ се слошило и завршила во болница.

Актерката, која сега е самохрана мајка, вели дека долго време не можела да зборува за болеста на Кити, но сега е подготвена отворено да споделува со јавноста и да ја подигне свеста за проблемот.

Најнови вести