Домот на Софија Вергара блесна во златна боја.
47-годишната актерка организираше голема забава по повод Денот на благодарноста, на која ги покани своите најблиски роднини и пријатели.
Атрактивната Колумбијка им дозволи на своите фанови да ѕирнат во прославата преку фотографиите и видеата кои ги сподели на Инстаграм.
Вергара привлече бројни комплименти за својот изглед.