петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нејзината верба во Бога се исполни: Сека забременила со помош на ова масло кое го земала од овој манастир каде се случуваат чуда!

Нејзината верба во Бога се исполни: Сека забременила со помош на ова масло кое го земала од овој манастир каде се случуваат чуда!

Српската пејачка Сека Алексиќ пред неколку денови откри дека е бремена по втор пат и тоа среде една емисија во Србија.

Пејачката е во шестата недела од бременоста, а веднаш по божиќните пости се причестила и заминала со својот духовен отец Никола во манастирот Егина во Грција, тврди српски Скандал.

Сека наводно таму со благослов од монасите добила масло од седум кандила кое го донела во Белград, а го пиела по инструкции на отецот Никола, по што брзо забременила.

Инаку Сека уште во 2017 година започна процес на вонтелесно оплодување со својот сопруг Вељко како би станале родители по втор пат.

-Започнавме да се подготвуваме со вонтелесно оплодување, оплодувањето не е брзо. Сакаме што побрзо да се оствариме како родители. Најверојатно тоа ќе биде на почетокот на идната година, фала му на Бога што ни го даде синот Јаков за да сфатиме дека тоа е најголемото богатство на светот. Се надеваме дека ќе успееме уште еднаш за да нема голема разлика меѓу нивните години, ова го изјави пејачката во 2017 година.

Но, сепак нејзината желба се исполни две години подоцна во 2019 година.

Најнови вести