Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа на 17 февруари 2019 година, а од тој ден до денес неговата сопруга се уште го живее кошмарот кој стана вистина.
Имено дури две години по несреќата Гордана Шаулиќ собра сили и си ја отвори душата за српските медиуми раскажувајќи го денот кога дознала дека повеќе сопругот не е жив.
-Веќе во седум часот утрото започнав да го барам за да видам дали тргнал за на аеродром. Не се јавуваше ниту тој, ниту пак Слоба кој беше со него, бројот на Мирсад го немав. Потоа ме фати паника, без помошно ги вртев сите броеви, а на крај Слоба ми се јави од болница, но не знаеше да ми каже каде е Шабан и што е со него, раскажува Гоца.
Таа додава дека агонијата траела со часови додека на крајот пријател кој живее во Германија не дознал за трагедијата, па и се јавил на ќерката Илда.
-Кога го видов бројот не можев да ја кренам слушалката, не можев да слушнам што имаше да ми каже. Слушалката ја подигна жената која работи кај нас. Нејзиниот израз на лицето ми утврди дека најголемиот кошмар стана вистина, вели сопругата на Шаулиќ.
За потсетување кралот на српската фолк музика загина на 17 февруари 2019 година, а со него во смрт замина и клавијатуристот Мирсад Кериќ.