По објавените експлицитни фотографии од српската пејачка Јелена Карлеуша, во јавноста се шират и озборувања за нејзиниот претходен скандал додека била во брак со Бојан Кариќ, пишуваат српските медиуми.
Станува збор за неверството кое Карлеуша го направила пред десет години, кога Кириќ ја афатил во кревет со нејзиниот телохранител. По избивањето на тој скандал, двојката се развела, а пејачката како и денес се оправдуваше со скандалот дека и бил наместен затоа што семејството на Кириќ наводно не ја сакале за снаа.
Карлеуша тогаш тврдеше дека не била пожелна во семејството на Кириќ, затоа што била пејачка.