Мариса Дубоа, позната и како Рис, стана ѕвезда на интернет поради снимката од нејзиното чекорење на модна писта на модната недела во Форд Лодердејл.
Интернет сензацијата која прошетала на модната писта пред 3 месеци неодамна стана славна откако Твитер страницата „Daily Loud“ го сподели нејзиното видео во неделата. Оттогаш снимката ја погледнале речиси 90 милиони луѓе.
Runway model is now going viral after this video hits the internet 👀 pic.twitter.com/0ln8vtUqTm
— Daily Loud (@DailyLoud) July 24, 2023
На него се гледа како Рис носи зелено бикини, а нејзиниот изглед и заносните облини преку ноќ ја направија ѕвезда на социјалните мрежи.
Рис не е нова во модната индустрија бидејќи нејзиниот Инстаграм профил открива дека таа се појавувала и на други модни ревии. Исто така, таа е успешен креатор на содржини со значаен број на следбеници на ТикТок, Инстаграм и Јутјуб. На своите платформи објавува модни фотографии, фитнес совети и многу друго.
Манекенката за првпат го објавила споменатото видео на својот Инстаграм профил на 26-ти април, а во описот напишала дека облините и изгледот ги наследила од мајка ѝ и дека не се резултат на пластични операции.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и ѝ донесе бројни комплименти – луѓето велат дека вака треба да изгледа една манекенка, а некои коментирале и дека е „мешавина од Бијонсе и Шакира“.