среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нејзиното семејство не дојде на свадбата, а сега е позната причината за тоа: Еве како изгледаше Драгана Мирковиќ како невеста (ФОТО)

Нејзиното семејство не дојде на свадбата, а сега е позната причината за тоа: Еве како изгледаше Драгана Мирковиќ како невеста (ФОТО)

Пејачката Драгана Мирковиќ се омажи за својот сопруг Тони Бијелиќ пред дваесет години, а среќните младенци не ја симнаа насмевката од лицето во нивниот најсреќен ден.

Меѓутоа, кога се сеќава на венчавката, Драгана истакнува дека и недостигало семејството. Нејзините мајка, татко и сестра не биле дел од свадбата, а пејачката ја откри причината.

-Се венчавме во општината, беше скромна прослава. Беше време на санкции, никој од моите не можеше да дојде, бидејќи не можеше да извади виза. Бидејќи Тони е австриски државјанин по раѓање, едноставно не можев да го сторам тоа додека не се омажив и додека нашата брачна заедница не беше поптврдена со документи. Едноставно немав можност да добијам виза за моето семејство, тато, мама, сестра ми… И затоа имавме малку гости, објасни Драгана.

-Дури и целото семејство на Тони не можеше да дојде, бидејќи и тој има многу блиски. Така бевме дваесетина луѓе, но без разлика што ми недостигаа, сепак ми беше најубавата и најромантичната свадба, затоа што едноставно го сакав толку искрено и едноставно бев среќна и тоа ми беше доволно во тој момент, откри таа неодамна.

Нивната љубов трае долго време, а Драгана секогаш истакнува дека Тони е нејзиниот најголем поддржувач во животот и дека тој е одговорен што таа никогаш не престанала да пее.

Најнови вести