петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Некогаш најпосакуван рокер, денес горд сопруг и татко: Новата професија на Бон Џови ќе ве изненади

Некогаш најпосакуван рокер, денес горд сопруг и татко: Новата професија на Бон Џови ќе ве изненади
Jon Bon Jovi at the first Farm Aid Concert Sept 22, 1985

Култниот рокер, Џон Бон Џови,кој некогаш кршеше женски срца, со неговите музички хитови, сега на возраст од 56 години, живее сосема поинаков живот.

Тој е пример за семеен човек, татко е на две деца и посветен сопруг. Џови е една од ретките рок-ѕвезди чиј брак никогаш не се поврзал со скандали или прељуба, а со неговата сопруга се сретнал уште во училишните клупи.

Судбоносното “да” музичарот го кажа во 1989 година, а денес тој и неговата сопруга се горди родители на 24-годишната ќерка Стефани Роуз и 23-годишниот син Џеси.

Денес Бон Џови и неговиот син, се решени да основаат својот бренд, па се обиделе да произведуваат вино – поточно “розе”.

Сепак, музичарот одлучи да побара совет од експерти и започнал да работи со познатиот француски консултант Џерард Бертран.

-Иако имам работа што ја сакам и со нетрпение очекувам да работам со бендот, работата со моето семејство е нешто што ме прави најсреќен, рече познатиот рокер и додаде дека виното се продава добро во Америка. Виното “Diving Into Hampton Water” веднаш освои многу љубители, а било претставено и во Версајт Палатата.

Иако многумина веруваат дека продукцијата на “розе” е оригинална идеја за познат пејач, вистинската идеја всушност дошла од неговиот син, што значи Џон Бон Џови работи за него.

Најнови вести