понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Нели Фуртадо воодушеви со смел фустан и одличен изглед на 44-годишна возраст

Нели Фуртадо воодушеви со смел фустан и одличен изглед на 44-годишна возраст

Нели Фуртадо ги воодушеви сите со последното појавување во јавноста.

Имено, 44-годишната пејачка на доделувањето на Video Music Awards се појави во елегантен црн фустан со отворен грб.

Расположена со насмевка позираше пред фотографите и видеографите, а нејзините фотографии инстантно ги преплавија социјалните мрежи.

„Прекрасна е, изгледа подобро од било кога“, „Непрепознатлива е, но на добар начин“, „Леле, ова е Нели?!“, се само дел од реакциите што ги предизвика.

Таа на својот Instagram профил објави и серија фотографии со познати колеги со кои одлично се забавуваше на доделувањето.

Нели беше на врвот на својата слава во раните 2000-ти. „Promiscuous“, „I’m Like a Bird“, „Maneater“, „All Good Things“ се само дел од нејзините хитови кои се слушаат и денес.

За потсетување, пејачката неодамна ја објави песната „Keep Going Up“ со Тимбаленд и Џастин Тимберлејк, која многумина потсети на раните 2000-ти.

Најнови вести