Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ често знае да ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи, а истото се случи и вчера кога многумина останаа во неверување од неговиот пост на Инстаграм.
Имено тенисерот на социјалните мрежи сподели фотографија на која седи заедно со сопругата Јелена која го надгледува додека тој се учи да плете.
-Интензивен фокус на плетење додека трае дождот, напиша Новак покрај фотографијата која ја сподели на својот Инстаграм профил, погледнете.