Убавата тенисерка Ана Курникова успеа да ја задржи во тајност својата бременост, па фановите беа изненадени кога пред неколку часа таа објави фотографија од трудничкото стомаче.
Триесет и шест годишната поранешна тенисерка на Инстаграм покажа како изгледаше во 37-мата недела од бременоста со близнаците Николас и Луси. На фотографијата, Ана изгледа одлично додека позира во кожни црни панталони и високи потпетици.
Инаку пред неколку дена, Енрике сподели фотографија на која позира со едно од близначињата. „Се уште не можам да поверувам… дека си мое“, напиша тој, погледнете.