петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕМА ДА ПОГОДИТЕ КОГО ГО ОБВИНУВА ПРИЈОВИЌ ЗА ИЗГЛЕДОТ ПРЕД ОПЕРАЦИИТЕ – пејачката откри зошто денес изгледа поразлично, не се во прашање само корекциите!

НЕМА ДА ПОГОДИТЕ КОГО ГО ОБВИНУВА ПРИЈОВИЌ ЗА ИЗГЛЕДОТ ПРЕД ОПЕРАЦИИТЕ – пејачката откри зошто денес изгледа поразлично, не се во прашање само корекциите!

Талентот на Александра Пријовиќ навистина не може да се оспори.

Таа има бројни хитови, полни многу арени ширум регионот, а бројката на нејзините фанови се зголемува од ден на ден.

Иако за нејзиниот музички феномен во медиумите не се зборува често, често се зборува за нејзиниот физички изглед, па во јавноста неретко ќе испливаат фотографии од почетокот на нејзината кариера.

Пејачката не се срами од својот изглед, а сега за медиумите открила како се чувствува кога ќе види некоја стара фотографија од себе.

-Кога ќе видам некоја стара фотографија одлично се чувствувам… се шегувам. Секако не се срамам од фотографиите, бидејќи јас сум била тоа. Покрај мене во моментов седи шминкерот кој е најдобар во државата и знае колку шминката може да разубави или разгрди некој. Некој кој во тоа време ме шминкал мислел дека начинот на кој го прави тоа е пристоен и дека јас така треба да изгледам. Сега кога ќе се сетам на тој период сигурно не би се одлучила за таков стајлинг, фризура, шминка, но во моментот тогаш не сум знаела за подобро, а луѓето кои го работеле тоа тврделе дека така треба да изгледам, вели Пријовиќ.

Таа додава дека никогаш не криела дека имала естетски операции и тоа се гледа.

-Тоа што сакав да го променам на себе минимално, тоа и го направив. Најбитно ми беше тоа да не изгледа нападно, сега се чувствувам подобро, додава таа.

Најнови вести