Поранешниот управител на имотот на холивудската ѕвезда Џон Деп изјави пред лондонскиот Висок суд во средата дека пронашил отсечен дел од прстот на актерот по неговата кавга со поранешната сопруга Амбер Херд.
Педесет и седумгодишниот Деп тужи издавач на британски таблоид поради напис од 2018 година во кој е наречен „тепач на жени“.
Бен Кинг, кој работел за Деп во 2014 и 2015 година, изјавил дека Херд билаа таа којашто постојано предизвикувала и угнетувала додека била во врската со Деп и дека се карале како деца.
Кинг, кој учествувал во расчистувањето по наводниот инцидент на изнајмен имот во Австралија во 2015 година, рекол дека нашол отсечен врв од прстот на Деп.
„Беше споменато дека би можел да биде тука некаде и го најдев додека чистев“, рекол Кинг.
Во текот на петте дена сведочење, Деп изјави дека тврдењата на Херд за семејно насилство од 2013 до 2015 година се лага, и дека таа постојано него го напаѓала.
Херд би требало да почне да ги изнесува докази во петокот, откако минатата седмица некои нејзини тврдења беа побивани од сведоци. Во четврток, пак, преку видео-врска ќе треба да сведочи и долгогодишната парнтерка на Деп, Ванеса Парадис.
Извор:нетпрес