Венчавката на Хана Хуљиќ и Петар Грашо го привлече вниманието на јавноста, која продолжува со подеднаков интерес да го следи секој чекор на младенците. Како што стивнуваа впечатоците, популарниот пејач ги откри деталите од венчавката со ќерката на долгогодишниот пријател и соработник Тончи Хуљиќ.
– Ако има двајца луѓе кои сакаат да бидат помалку експонирани надвор од својата работа, тогаш тоа сме Хана и јас. Медиумите само си ја вршеа работата, не се додворувам. Разговарав со моите пријатели новинари. Им реков: „Луѓе, што више?!“, откри Петар.
Грашо во таа прилика призна и дека тој и Хана направиле грешка која многу влијаела на нивните свадбени планови.
– Бевме само двајца кои сакаа да се венчаат во кругот на пријатели, но направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени. Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога стигнавме пред црквата, моравме да и пријдеме со автомобил, што ми се чинеше чудно. Замислив дека ќе биде за рака, низ град – истакна Петар и призна зошто посакувал се да е само скриена камера.
– Видов толку многу новинари, телевизиски екипи и луѓе што во еден момент навистина помислив дека тоа е скриена камера, што секој ќе рече: „Еј, не си толку важен, само се шегуваме овие месеци“, рече тој.