Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговото уметничко име Авичи, почина денеска на возраст од 28 години.
Како што кусо соопшти неговиот претставник, Авичи бил пронајден мртов во главниот град на Оман, Мускат.
– Со огромна тага соопштуваме за заминувањето на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е во шок и ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Нема да издаваме повеќе соопштенија во овој тежок момент, истакна неговиот портпарол.
Авичи еден од пионерите на современиот музички жарн ЕДМ (Electronic Dance Movement).
Тој освои две МТВ награди и е една Билборд награда, а два пати беше номиниран и за Греми.