среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Неочекуван пресврт: Откако Сара беше крвнички претепана од сопругот, сега тој ја пријавил неа во полиција

Неочекуван пресврт: Откако Сара беше крвнички претепана од сопругот, сега тој ја пријавил неа во полиција

Сестрата на славната Уки Ку е на полициски распит откако нејзиниот партнер поднел пријава против неа.

Сара, сестрата на популарната тиктокерка Уна Каблар, попозната како Уки Ку, денеска во придружба на адвокат, мајка и роднина отишла во полиција на сослушување во врска со насилството што го доживеала од нејзиниот емотивен партнер Д.Х.

Имено, таа во петокот добила покана да дојде на разговор во полициска станица во Белград поради пријавата што против неа ја поднел нејзиниот сопруг Д.Х., но како што објаснила, се уште не знае која е причината.

Откако таа беше жртва на насилство, сега се соочува со пријава против неа.

Да потсетиме, Сара во септември доживеа семејно насилство од сопругот, а деталите од овој инцидент со јавноста ги сподели нејзината сестра Уки Ку. Според Тиктокерка, Сара била претепана, давена и удирана со главата по плочките од нејзиниот сопруг.

-Живеам во постојан страв од насилниците. Два месеци не излегувам сама од станот, бидејќи се плашам за мојот живот. Одам кај психијатар, а кога ќе излезам на улица се вртам и мислам дека некој ме следи, рекла Сара.

Од друга страна, Д.Х. на рочиштето во обвинителството истакна дека не ја претепал сопругата, туку дека само ја оттурнал, по што таа самата паднала на плочките.

Исто така, по укинувањето на притворот на осомничениот за насилство, неговиот адвокат Анѓелко Лежајиќ изјави дека “на клиентот му е подобро во затвор отколку во брак со Сара“.

Најнови вести