Безживотното тело на Милан Радуловиќ Лаќа е пронајдено на сред улица, во Израел, а итната помош по пристигнувањето на местото на настанот констатирала смрт.
Трагичната вест ја потврди и таткото на Лаќа, Александар Радуловиќ Фута, кој рече дека неговиот син бил пријавен за исчезнат, но дека му било кажано дека е пронајден во Тел Авив.
-На 12.12 Лаќа беше пријавен како исчезнат во известувачкото одделение. Вчера добивме информација дека е пронајден на улица во Тел Авив, рече Радуловиќ.
Лаќа, инаку, е син на Фута и Марина Туцаковиќ, која почина минатата година, по долгогодишна борба со тешката болест.