петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Непознат маж непрестајно ја прогонува, пејачката загрижена за нејзиниот живот – Нина Бадриќ се соочува со истиот проблем на Јелена Розга

Непознат маж непрестајно ја прогонува, пејачката загрижена за нејзиниот живот – Нина Бадриќ се соочува со истиот проблем на Јелена Розга

Далеку од „очите“ на јавноста, една од најпопуларните хрватски пејачки, 48-годишната Нина Бадриќ, во последно време доживува вистинска драма.

Имено, поради долгогодишно вознемирување на човек кој дошол на Хвар по неа, таа морала да побара помош од полицијата, пишува Слободна Далмација.

Имено, според медиумите, пејачката одлучила да го пријави непознатиот маж затоа што често ја вознемирувал во Загреб, доаѓајќи пред нејзината врата, а сè тоа продолжило во Јелса на островот Хвар, каде Нина има стан. Иако таа одбила да комуницира, упорниот маж не се предавал.

Случајот заврши во Сплитското општинско државно правобранителство, а подоцна беше префрлен во истото правобранителство во Загреб, каде што дотичниот маж има регистрирано живеалиште. Полицијата реагираше навремено, а на човекот му беше забрането да се приближува и да воспоставува контакт со Нина, по што конечно престанаа проблемите на пејачката.

Најнови вести