Водителот Огњен Амиџиќ во новото издание на емисијата „Амиџи шоу“ беше домаќин на пејачките Неда Украден и Ивана Николиќ, пејачите Аца Лукас и Петар Грашо, како и хрватскиот музичар и текстописец Тончи Хуљиќ.
Петар доби прашање за Тончи, таткото на неговата сопруга. Тој требаше да одговори кои две работи го нервираат кај него.
„Зошто само две? Тоа што е хипохондрик, а другото може да биде и хипохондрик“, рече низ смеа Петар.
-Како живеевме сите овие години без суплементи? – праша Неда.
-Се живо има, рече Тончи.