Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ и Сандра Миљaковиќ наводно пред неколку месеци ставиле крај на нивната врска, а сега имаат и нови партнери.
Имено, по шпекулациите дека Виктор ужива во љубовта со Лена Чолак, сега и Сандра го покажа новото момче.
Сандра на својот „Инстаграм“ објави фотографија со новото момче, а изгледаат и заљубено.
Додека многумина мислеа дека Виктор и Сандра ќе запловат во брачните води, сепак тоа не се случи.
Ни Сандра, ни Виктор не се огласија по повод пишувањата дека имаат нови партнери.