Чешката биатлонка Габриела Коукалова го потресе светот откако во својата автобиографија објави шокирачки податоци околу нејзиниот живот.
Освојувачката на сребрен медал во на ЗОИ во Сочи 2014 година во својата книга пишува дека својата невиност ја загубила на 12 годишна возраст.
-Првата љубов ми беше еден биатлонец од средно училиште, но невиноста ја загубив порано. Имав само 12 години, тој беше другар на мојата сестра, уживав во тоа. Потоа не престанав да мислам на секс, откри чешката олимпијка.
Таа во книгата вели и дека сексот им помага на жените.
-Мене тоа ми е исто како медитација, добро немам време за да го практикувам три часа, но секако ми помага, вели таа.