И покрај фактот дека ги имала сите можности како член на кралското семејство, кралицата Елизабета никогаш не одела во училиште. Сепак, постои добра причина зошто било тоа така.
Кралицата Елизабета е родена во кралско семејство и како принцеза ги имала сите можности, особено кога се работи за образованието. Фактот дека не била дел од државно и приватно училиште – изненади многумина.
Сепак, кралицата стекнала високо образование, школувајќи се дома, заедно со својата сестра Маргарет. Имале гувернанта и ред други учители кои се грижеле за нивното образование.
Повеќето кралски деца пред неа се школувале на ист начин, ослонувајќи се на традицијата која налагала кралските деца да не одат во училиште.
Уште како дете, кралицата од својата мајка стекнувала знаење и вештини. Мајка ѝ ја научила на елементарни работи, како што се читање и пишување. Покрај тоа, ја научила и француски јазик, свирење на клавир и танц. Откако наполнила седум години, ја преземале гувернанти.
Кога во 1936 година станала следна на редот за тронот, нејзиното образование се проширило бидејќи почнала да зема часови со голем број наставници, пишува The List.
Со текот на времето, правилата во кралското семејство станале пофлексибилни, а нејзините внуци посетувале приватни училишта, како и најдобри универзитети. Нивниот пример го следат и нејзините правнуци, кои на училиште одат со други деца, кои секако припаѓаат на високата класа.