Љубителите на квалитетна народна музика долго време очекуваат нов хит од Харис Џиновиќ. Поради тоа, пејачот работи напорно на нови музичките остварувања, а во најновото го вкрсти гласот со талентираната млада пејачка.
Имено, Харис и Ангелина одлучија да ги искомбинираат традиционалната и модерната музика, па ќе имаме можност да слушнеме нешто тотално поразлично од овој тандем.
-Тоа е млад бран, тие имаат своја насока во музиката што не ми припаѓа мене, но јас имам дел од таа песна што може да се пее на мој начин. Тоа е чудна комбинација, бидејќи таа е млада, а јас сум од друга бранша, но музиката ја нема таа бариера, луѓето можат да пеат заедно, вели Харис.
Ангелина во изјава за српските медиуми не ја крие возбудата што ќе има соработка со еден од најдобрите иако тој пее песни далеку од нејзиниот стил.