Речиси и никој да не го спомена пилотот кој го управуваше авионот кој исчезна со фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала.
Станува збор за 60 годишниот британски пилот Дејвид Иботсон кој е оженет и татко на три деца.
Неговиот прекар е „Диббо“ и заедно со својата сопруга Нора живеел во Скантхорп, а според својата последна објава на Фејсбук тој се чекирал во хотел во Нант веднаш до аеродромот, неколку часа пред кобниот лет.
Тој важи за искусен пилот специјализиран за приватни летови и падобрански експедиции, но исто така квалификуван инженер за гас кој работел во сопствена компанија за поправка на котли.
Интересно е тоа што тој бил и Ди-џеј и пуштал музика по свадбени прослави.