Никол Кидман во новото интервју за интернет-емисијата „ВТФ“, говори за тоа како последните две нејзини улоги во психолошките трилери „Големите мали лаги“ (Big Little Lies) и „Слом“ (The Undoing) ѝ влијаеле на психофизичкото здравје.
Таа вели дека кај тие две улоги конкретно, таа „се стопила“ со ликот, во одредена смисла.
– Дури, на снимањето на „Слом“, ми се случи, како – одеднаш да сум „тука“… Имаше некаква вознемиреност во врска со мојот карактер, како да ми беше непријатно со тоа која сум, вели Кидман.
„Слом“ е мини серија од шест епизоди. Во неа, австралиската глумица го толкува ликот на сопруга на обвинет за убиство.
– Зедов една недела слободна, бидејќи вашиот „имунолошки систем“ не ја знае за разликата меѓу глумата и реалноста…, додаде таа.
Следниот филм каде што Никол Кидман ќе глуми, е историската драма „Човекот од север“ (The Northman).