Пејачката Никол Шерцингер е дефинитивно една од најатрактивните жени на планетата.
Светот веќе подолго време се воодушевува на нејзиниот сексапил, а покрај провокативните фотографии, атрктивната Никол објавува и семејни фотографија.
Имено, таа објави фотографија на Инстаграм на која позира заедно со нејзината сестра Кил.
Таа е 10 години помлада од Никол, се занимава со хуманитарна работа и е мајка на три деца.
За разлика од пејачката, Кил има руса коса. Таа е блиска со Никол, а двете сакаат и поминуваат доста време заедно.