понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Никол Шерцингер ги заборави Хамилтон и Димитров: Ќе се мажи за поранешниот рагбист Еванс (ФОТО)

Никол Шерцингер ги заборави Хамилтон и Димитров: Ќе се мажи за поранешниот рагбист Еванс (ФОТО)

Свадбени ѕвона за Никол Шерцингер, пејачката на Пусикет Долс. Уметницата преку социјалните мрежи го сподели предлогот за брак од нејзиниот партнер, поранешниот рагбист Том Еванс.

По Формула 1 возачот (Луис Хамилтон) и тенисерот (Григор Димитров), Шернцингер започна љубовна врска со поранешниот рагбист која за среќа – има среќен крај.

Запросувањето е идилично. Том Еванс ја однесе својата партнерка Никол Шерцингер на брегот на океанот и како во класичен романтичен филм, клекна и го извади прстенот за да го стави на прстот на својата девојка и идна сопруга.

45 годишната убавица веќе почнува да размислува за свадбената церемонија која, не се сомневаме, ќе биде блескава и спектакуларна.

Фотографиите од запросувањето завршија на социјалните мрежи и како што е очигледно, двајцата не биле сами на овој свечен настан, туку имале некој кој може да го овековечи моментот. „Реков да“, напиша пејачката, „Моето засекогаш“.

Најнови вести