Маринко Роквиќ почина на 6 ноември во својот дом, а неутешното семејство се уште тешко се носи со големата загуба.
Скоро 10 дена по смртта на неговиот татко, синот на пејачот Никола Роквиќ за прв пат се огласи на својот Инстаграм и ја искористи приликата да им се заблагодари на сите што му испратија поддршка до него и до неговите најблиски.
Никола сподели слика од манастирот каде го нашол сегашниот мир.
– Ви благодарам на сите драги луѓе што сте со нас во најтешките моменти од животот, многу ни значи, би ве гушнал и бакнувал сите! Господ да ве благослови!, напиша Никола.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Маринко почина како последица на долго и тешко боледување од рак на панкреасот, а негова желба беше тоа да не се коментира во јавноста, што тие го почитуваа. Комеморацијата се одржа на 11 ноември во „Камената сала“ на Радио Белград, а погребот се одржа истиот ден на гробиштата Нова Бежанија.