Легендарниот пејач на народна музика Маринко Роквиќ почина во саботата на 68 годишна возраст од рак на панкреасот, а ќе биде погребан утре.
По тој повод за прв пат во медиумите се огласи и неговиот син Никола Роквиќ кој го објави и некрологот за неговиот покоен татко.
-Маринко Роквиќ (1954-2021) почина на 6. Ноември 2021 година. Погребот ќе се одржи на 11 ноември 2021 година во 15:15 часот во црквата Свети Апостол Тома на новите бежанијски гробишта, се наведува во текстот.
— Nikola Rokvić (@NikolaRokvic) November 10, 2021
Инаку на некрологот потпишани се сопругата на Маринко како и тројцата синови Дарио, Никола и Марко.