Актерот Николас Кејџ се сеќава на времето од неговата кариера кога прифаќал секакви улоги за да плати долг од 6 милиони долари, иако многу од тие филмови воопшто не биле толку добри.
Кејџ е на филмската сцена повеќе од три децении, и додека глумеше во многу познати филмови, тој беше вклучен и во голем број на помалку успешни филмови кои не поминаа толку добро кај критичарите или публиката.
Во едно неодамнешно интервју, Кејџ се осврна на некои од филмовите што ги снимил во 2010-тите, признавајќи дека тие биле „лоши“
-Бев премногу вклучен во недвижности. Пазарот на недвижности падна и не можев да излезам на време. Ги вратив сите, но тоа беше долг од околу 6 милиони долари. Никогаш не поднесов барање за банкрот. Бизнисот секогаш беше мојот ангел чувар. Можеби не беше успешен, но сепак беше бизнис. Дури и филмот да заврши лошо, мене ми е грижа секој пат, рече Кејџ.