Пејачката Николија Јовановиќ и нејзиниот емотивен партнер Реља Поповиќ ќе имаат уште едно дете.
Извор близок до славната двојка ја потврди оваа информација за порталот Србија Данас.ком
– Николија е бремена. Бидејќи бременоста е во рана фаза, таа и Реља одлучија уште да не зборуваат јавно за тоа – открива добро информиран извор за Србија Данас.
Да потсетиме, Николија Јовановиќ веќе некое време не е активна на социјалните мрежи. Пејачката со нејзиниот емотивен партнер Реља Поповиќ веќе ја има ќерката Реа, која ја добија во септември 2016 година.