вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нина Бадриќ во врска со милионер: Ова е Тино, контроверзниот бизнисмен (ФОТО)

Нина Бадриќ во врска со милионер: Ова е Тино, контроверзниот бизнисмен (ФОТО)

Нина Бадриќ во последно време постојано е насмеана, а изгледа дека има и добра причина за тоа.

Имено, според медиумите, пејачката е во љубовна врска со контроверзниот бизнисмен Тино Бралo.

Според написите на „Вечерњи лист“, Тино се збогатил во 1990-тите години продавајќи кафе низ цела Југославија, но и на Кипар, Египет и во Белгија.

Пред три години, беше осомничен за шверц на тутун откако беше фатен за време на претоварувањето на тутунот од камион во комбе.

Хрватската пејачка минатата недела беше забележана на романтична вечера во еден загрепски ресторан со шармантниот господин, а вљубените гулапчиња „скокнаа“ и на мини-одмор на Малдиви, пренесува РТЛ Ексклузив.

-Сепак, животот е да се ужива во четири ѕида, а среќата е да се ужива во неа, а не да се раскажува со полна уста, изјави пејачката, откривајќи какви квалитети треба да поседува нејзиниот избраник.

 

Најнови вести