Бекамови најавија свадба на деценијата за својот првороден син, 21-годишниот син Бруклин Бекам, кој ќе се ожени со четири години помладата актерка Никол Пелтц. Меѓутоа, магазинот „Хит“ открива дека венчавката е откажана поради моменталната ситуација со коронавирусот во светот, поради што Викторија (46) е очајна.
Имено, славното семејство добило „наредба“ од страна на службено лице дека мора да поканат минимален број гости и венчавката да ја организираат во рамките на потесното семејство. Бруклин, сепак, одлучил да почека да помине пандемијата бидејќи сака мегаломанска прослава, која ќе зрачи со гламур и луксуз и која долго време ќе се памети.
Младата двојка е скршена поради одложувањето на венчавката, но најмногу погодена е Викторија Бекам, која е неутешна. Таа е решена дека ништо нема да ѝ застане на патот во организирањето на венчавката на својот првенец“, открил извор близок на Бекамови.