Лидија Вукиќевиќ (60) важи за една од најубавите дами од српската јавна сцена, а со најновата објава доби пофалби за својот изглед.
Актерката на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа нејзината совршена фигура во елегантен црн фустан, а многумина коментираа дека на нејзиното тело ќе и позавидат многу помлади дами.
Лидија го покажа своето заводливо тело во корсет-фустан кој ја откри нејзината бујна биста. Сепак, многумина се прашуваа како е можно актерката да има толку тесен струк.
„Жена божица“, „Се поубава си“, „и 20-годишни девојки немаат ваков струк“, „Секоја чест“, се само дел од коментарите.